Thursday, December 29, 2011

ШТО БАРААТ ЖЕНИТЕ?

ВНИМАНИЕ:Ова е малку посериозен текст од предходните

 На горенаведеното прашање во текстов ќе се обидам да дадам мои мисли и размисли,односно ќе промрчам околу тематикава која скоро сите не засега.
 Генезата за прашањево лежи уште во раните години на нашите симпатии,девојки и на некој сега жени.Сите тие како мали гледале само еден идол од машка страна.А тоа е е нивниот татко.
 Секогаш заштитнички настроен кон нив,грижлив и посветен,љубезен и културен,несебичен и дарежлив се само дел од особините кои го прават да биде нивен херој.
 Нема да биде чудо ако подоцна во животот бараат нивниот партнер да се однесува со истото внимание кон нив.
 ВНИМАНИЕ - тоа е одговорот.Секое девојче го бара тоа.Не е филозофија или кинеска мудрост да се посвети доволно внимание на нашите најблиски.
 Мал милион примери постојат шо можат да разубават нечиј ден .....
 Ја глеаш девојка ти дека е тажна и не и е денот.Тркни до цвеќара,купи и ја најубавата ружа и дај и ја со посвета.Ќе биде најсреќното девојче на свет.Насмевката нема да и се тргне цел ден.
 Не постои девојка шо нема да се осети  возвишено коа ќе добие цвет -нешто толку мало а за неа толку големо.
 Крај краева,ако немаш пари за у цвеќара,скини некој каранфил од некој двор (не дека го терам народов на лоповлук) и однеси и го.Битен е гестот,да и украдеш насмевка на таа шо ти значи е доблест,а не маана .....
 Ако глеаш дека нешто ја расплакало,најди и се и биди до неа,гушни ја и шепни и дека и коа плаче е најубавата девојка.... Ќе ја насмее тоа,ќе и значи ...
 Ако ти се јави у вторник навечер коа има лига шампиони фудбал и ти каже дека мора хитно да разговарате,не изигравај мангуп пред другарите и немој да и речеш: -Ај ма не напињај сеа,глеам фудбал и пијам пиво со екипата . Може сакала да ти каже дека 5 дена и касни и не може да спие ради тоа.Со кој би го споделила тоа ако не со тебе.Фудбалот ке пројде,она ќе остане и коа твојот тим ќе изгуби ....
 Јави и се некад у 3 саат сабајле пред да иде на испит,и кажи и дека ја мислиш и ти значи.Едноставно докажано,човек боље учи коа знае дека е сакан и посакуван ....
 Прати и порука на мобилен коа најмалце очекува.Ја испраќаш до дома,а она веќе у лифт добива порука од тебе која гласи: -Веќе ми фалиш ...Порака од 5 денара,а за неа цело богатство.
 Изненадија со вечера.Напрај и ги омилените тортелини.Не е никаква филозофија,баш напротив.
 Ќе ја изненадиш и следниот ден гордо ќе се пофали на своите другарки колку внимателен дечко има.
 Да ја напраиш својата девојка горда на тебе значи дека си успешен.
 На некој примериве ќе му бидат смешни и ќе рече дека се папучарски,е таквите завршуваат најлошо .....(или у триаголник или со десанка)
 Моментите шо ги набројав се принципи на  фраер шо си ја почитува девојката.
 Не си фраер ако уште викаш: - Тепај да те слуша,еби да те сака ...
 Така викаат сељачаната у некоја вукојебина во која уште владее некој стар режим.
 Знам дека со мрчењево за жениве не измислив топла вода,ама не е лошо да се потсетиме на некои прави манири.
 Секоја девојка заслужува да го добие своето ВНИМАНИЕ.
 На крајот на денот тие ќе бидат наши идни сопруги и горди преносители на генот .

 p.s.Ги заборавив да ги спомнам тие тие шо не знаат да го ценат ова шо го набројав.
 Уствари нема шо да ги спомињам,нив не ги стаам у текст:)))
 p.p.s.Зашо текстов е на два дена пред нова година,мрчалото ви посакува,среќни празници,многу љубов,здравје и среќа.И уживајте у 2012 година зашо не е задња,тоа го предвиделе една багра Маи,уживатели на наркотици:)))


 ПОЗДРАВ

Friday, December 23, 2011

ФЕЈСБУК ЕПИДЕМИЈА

Брилијантната идеја која на еден  младич му носи милијарди на контото,кај нас и а секаде у светот се шири со брзина на светлината.
 Денес дури у чудно е ако некој ти каже дека нема фб.
 Старо и младо,ма све живо има фејсбук.На мрежава моеш се да сретнеш: и нетачни,и будали ама и паметни,моеш да сретнеш манијаци(машки или женски), первезњаци,преваранти и уште многу девијантни.
 Фејсов има според мене добри и лоши страни,Ај прво за добрите.
 Мрежата може да ти користи да си најдеш стар познаник или пријател шо не си ги видел со години,јебига,сте се изгубиле.
 Ќе си ја најдеш и симпатијата која шо ти била у градинка или од прво до четврто,па после се преселила у друго школо.
 Коа ќе воспоставиш контакт со некој шо ти бил близок на времето ќе ти биде мило и да видиш слики од неговото семејство затоа шо у меѓувреме се оженил или омажила.
 Ако не сакаш да се јавуеш на 20 души одвоено за да се видите,а тебе ти се паднало овој пут да организираш,тогаш фино лепо праиш групна порака до сите и не ти чуе цефка.Секој ќе види и ќе го потврди своето присуство.
 Фејсот е добар прилично и да се насмееш.Скоро секој ден моеш да прочиташ некој одлепен статус шо ќе те развесели.Постојат такви креативни откаченици шо не моеш а да не им стаиш лајк.
 На фб моеш и да си споделиш песна,а таа истата на некој да му е омилена или па подзаборавена,па со драго срце би ја чул пак.И уште ако на симпатијата и ја погодиш нумерата и она ти пише на чат ....леле леле ....ќе пишуваш со брзина на светлината.Ќе куцаш како никад до тогаш (ова важи за генерации родени од 95 па нагоре)
 Добра ствар и според мене најдобра на мрежава е користењето за хуманитарни цели.За помош на нечиј живот,за операција или слично на некое детенце се користат апелите кои брзо се шират меѓу народот.Со правење на донаторска журка или со поставување телефони за донации во кои даруваме ние стануваме подобри луѓе.На некој неопходно му треба наша помош,и наместо дента да стаиме безвезе статус може да придонесеме да биде среќно нечие детство.
 Друга колку толку добра ствар на фб е покерот.Измислена за утепуење досада се додека не ти стане пасија,Лоша работа е само шо може да ти го хакнат профилот ради чипови ко шо ми се деси на мене.Во оваа прилика го поздравувам тој шо ме хакна,и да дае господ да моли за чипови  и никој да не му пушта,увек у рука да има рашпар карти и никад да не заигра на голема маса.Во името на четрите аса и стрејтот у боја.Амин.:)))
 Отприлика ова би биле дорите страни на фб.А сеа малку за тие шо не чинат,
 Не ми е јасно на пример еве како двајца млади се запознаваат  у диско и муабетат и се,и на крај наместо броеви разменуење следи :-Имаш ли фејсбук да те аднам .....
Затоа им падна прометов на мобилниве оператори,никој не зема бројче па да се чуе,одма на фб.
 А ваков тип на комуникација можзам да кажам дека е вештачки.Да не знаеш со тој шо збориш дали ти се смее,дали плаче,дали ти пишуе на чат,а у соба околу застанале 5 души сеирџии и се мочаат од смеење на муабетот шо го вртиш:)))))
 Друга лоша страна е шо моеш да се заљубиш у лажен профил,а тие сеа се у мода.
Познавам луѓе шо дубоко се зацапале у лажњак,а они мислат дека е жената на нивниот живот.Абе бог да чува и да брани.Да се заљубиш у чоек шо не си го видел,не си го чул,а се палиш и радуеш на него ко циганче на цреша.Врвот на се е коа ќе се најдеш на Рекорд со ружа у рука за распознавање,а од страна од некој кафич сеирот ти го пукаат тие шо те наместиле.
 Н афб има и многу манијачишта.Е најлоши се тие шо се оженети,си имаат деца,фамилии, а сакаат да манијачат девојчиња.Пие вијагра кутриот колку да не си ги моча кондурите,ама битно  на фб се главни маафакери.Лично знам за еден таков пример каде човек од внатрешноста доаѓа у Скопје и чека на автобуска девојче шо никад не ја видел ....Откако малата нема да дојде,многу нормално затоа шо не постои,овој ко наврнат ќе си иде дома и ќе се правда на жена му зашо бил у Скопје.Притоа е додаден на листата на СЈЕБАНИ.
 Ова можев да го стаам и у позитивни ствари на фб,ама ај нема везе:)))))
 Друго шо не можам да сфатам се албумиве кај жениве од летен одмор.Абе гола ќе се соблече уште малку само за да добие некој лајк.Чекај малку бе,има 15 години,а апетити и желби ко за 25.
 А некоја од овие разголениве да ја видиш по гаќи или прслук ќе се крие ко кузнае шо е тоа,а да не сме виделе више.Женска логика шо никад нема да ја разберам:на фб пукаат танги на плажи,а по гаќа ако ја видиш(несакајќи се разбира) бега ко од ѓавол ....
 Се сеќавам пред десетина години коа добив писмо од симпатијата бев пресреќен.Знам дека е она ....И го познавам ракописот.Денес ако ми пише на чат,ќе незнам дали е она или ме дрибла татко и.Тоа се тие работи шо фалат и вредности шо се изгубија .
 Како и да е.За фејсов мозе да се збори уште два дена.Признале или не сите сме заразени на некој начин.Љубоморно си го чуваме ко нашиот пасворд.
 Ама има една група шо потполна со слагам а верувам и повеќето се слагаат:
 ПОМАЛКУ ФЕЈС,ПОИШЕ СЕКС .....
 Кис4е и бацки до следен текст ....
 
 ПОЗДРАВ

Monday, December 19, 2011

СПОНЗОРУШИ (втор дел)

Во второто полувреме од тематиката наречена СПОНЗОРУШИ  не можам а да не спомнам за уште два типа кои се приметливи у градов.
 Првиот тип се спонзоруши кои шо не се од Скопје,а тука се на студии,работа или ништо од наведеново (читај туристички)
 Вториот тип е машки спонзоруши,а такви глеам се поише им расте бројот.
 Ај прво за првиов феномен.
 Во недостиг на средства многу млади девојки кои доаѓаат у градов си бараат спонзорства.И тоа е факт неспорен.
 Скопје е скап град,да не речам прескап.
 Знаеш дека нејзините од петни жили спечалиле да ја пратат тука да студира,а она лумпува.Примери има секакви.Наместо да ја видиш да јаде у студентска менза,она вечера и руча во некој елитен ресторан со некој телац шо ќе го најде од тука. А такви има со лопата да ги ринеш. Дома ги лаже дека начекала ефтин стан кој не мора да го дели со цимерки,и тоа замисли ....станот е со локација на Водно или слична елитна населба на неа.Дома слепо и веруваат дека учи на факултет,ама она и тука ќе најде чаре.На испит у кабинет на професорот влага сама,добро деколтирана,со хеланка проѕирна и штикла 10 сантима.
 Па добро бе мајко му стара,сите сме биле студенти,знаеме дека така не се полага испит.
 Откако ке стане миленичка на професорот,факултетот ке си го помине полесно од осмолетка.
 Ама за таа услуга ќе треба добро да се раздужи,да не се лажеме сеа.
 Овој тип на спонзоруши никад не се дружи у Скопје со своите сограѓани и сограѓанки од кај шо потекнува.Испод част и е ...
Моеш да ја забележиш со нафатирани токмаци или вратари од градов.Се пали на журки и лесни наркотици,додека нејзините другарки вредно учат за да ја искористат шансата и приликата добиена од нивните дома.Се гордее ако е во друштво на “мафијаши“,ќељави глави со фалти на вратот,многу злато и грам мозок. А бе бог да чува .....
 Дома у село уште кравите у двор и серат,а тука глуми аргентинска пичка ...
 Многу ми е мило шо сите мои другарки и пријателки кои не се од Скопје не патат од ваков комплекс и се прекрасни воспитани девојчиња.
 Ај сеа малку за вториот феномен.
 Машките спонзоруши у градов,не се со толкав обем ко женскиве,ама се со тенденција за пораст..
 Ј не можам да им ја сфатам филозофијата.Да бркашн девојки шо имаат кеш ?????????
 Да ти плаќа некоја пијачка секоја вечер,да те зема и враќа со кола ....па добро бе .....шо машко е тоа????????
 Обично тоа се машки кои шо се јаки на уста,слаткоречиви и лесно им влагаат под нокти на жртвите.
 Им глумат дека нешо имаат,уствари нишо немаат. И кажува дека ја сака,а уствари и ги сака парите на татко и .И ја вози скупата кола низ град,а на другарите се фали дека “дедо му“  му ја препишал.Уште неземени а некој му препишал кола????? Ало бреееее!!!!!!!!! Преварант си и тоа се глеа од авион.
 А девојкаму кутрата,од шо е добра и наивна,не глеа дека околу неа пајакот плете мрежа.
 Другарките ја убедуваат дека он не е за нејзе и дека ја искористува,а она упорно негира и се кара со нив мислејќи дека и завидуваат и и мислат лошо.
 Обично овој “фраер“завршува со функција домазет во раскошната куќа на неговата невеста и нејзините родители кои живеат кат над нив.Мисијата е испунета ама не иде се така глатко.
 Ако у 3 саат сабајле дедо ти снема цигари  има од сон да стануваш и да трчаш да купиш до тобако.Јебига,наредба си е наредба ......на туѓо буниште си ....
 Газда не моеш да се праиш зашо немаш нишо свое,е ти останува само да скинат конци старите,па да газдуваш.Епа ебати животот ако чекаш некој да умре за да проживееш.
 Оваа категорија на мажи никад не сум можел да ја сфатам.Спонзор да ти е жена??????? Ебати мажот ....
 Ја разбирам спонзори да имаа големи фудбалски или кошаркарски клубови,ама спонзорства меѓу луѓе од сите овие типови шо ги набројав - е на тоа ми реагира стомакот.
 Да поентирам на крајов ....
 Спонзоруши имало и ќе има.Спонзори имало и ќе има ...
 Крај краева ....кој им ебе матер бе :))))))))))
 


Saturday, December 17, 2011

СПОНЗОРУШИ (прв дел)

Спонзоруша по дефиниција е девојка тркач (читај трча по пари),особа која нема ништо,а сака да има се,просто речено една блага форма на социопат.
 Спонзоруша најлесно моеш да познаеш у диско.Има две или три позиции кај шо е стационирана.
 Или е закована на шанк и мачи една пијачка два саати се додека не улета некој да ја почасти.Така застаната ко куче пред касапница малава едвај чека некој нафатиран господин да ја напие (нормално на негова сметка).
 Спонзоруша моеш да ја приметиш и како е застаната ПРЕД сепаре,се со причина да ја приметат момците шо се седнати на истото и лабаво си го пијат своето виски.
 Така она свртена со грб накај нив им го праи потегот.Демек и паѓа мобилниот на земја и она се наведнува да го земе.Така наведнувајќи се со своето ако може да се нарече мини,веќе  е приметена од потпијанетите мушкарци кои ја канат на сепаре среќни и озарени од тоа шо го виделе пред малку.
 Е коа ќе се стаи на сепаре заедно со нејзината другарка која е од истата бранша,следи пиење,играње и кршење ко никад до тогаш.Веќе не ја лиже пијачката туку пие ко бочва.
 Е таква пијана спонзоруша да глеаш на сепаре е комедии.У  фризурата ко ѓупска ограда,на лице јетрена паштета наместо пудра,а долу више кажав,боље купачи да стаела него тоа крпче шо го вика минич. Горе цицките извадени надвор поише од пола,и упорно им ги бута у очи на више пијаните и кутри господа.
 А тие па господата може да се од различни профили.Може да е нафатиран копиљ шо ги троши на татко му парите,или па младо директорче кое шо освен шо знае да потпишува вирмани не знае нишо друго.
 Најлоша категорија се старците или ја ги викам геријатрија.Господин во скупо одело во поодминати години манијачи и се забавља со некоја копиљанка на сепаре.А може комотно ќерка да му биде ако ги споредиме со годините .... Па појезиво нешо од некое чиче како се пали на некоја неморална ко шо ја опишав оваа погоре не може да биде.
 А менталниот склоп на девојчево е смешки.
 Толку е тупава шо ако ја пуштиш у музеј нема да примети уметност.
 Да ја прашаш како е правилно да се рече Ирак или Иран,она ќе ти рече Ирак ......
 Значи информативен мрак ...
 Дома се бања се свински сапун,а на сепаре главна.
 Пред да искочат од дома со нејзините истомисленички слушаат турбо фолк, а у диско се први хип хоперки ...
 Пијат текила на двапати наместо на екс (без сол и лимон) а после се ладат со пиво и цефка.
 Ама затоа у диско испод Моет шампањац и скупа вотка никад не се ...
 Нејсе,вечерта она завршува со некој пијан од масата, си идат со неговото мерџо кое е уствари поголемо од нејзиниот стан.Така добро вечерта ќе му го напраи филмот на “фраеров“ шо веќе за два дена пораки ќе прима на нејзиниот нов Ајфон.Е сеа дур научи да го ракува е друга ствар ...
 Следат скупи ручеци и вечери,зимувања у Банско или на скијање у Аустрија,па после летување у Египет зашо слушнала дека таму е увек топло и со солени цени.Абе баш ко за неа ...
 Тоа трае се додека не го исцеди добро и коа нема више да ги задоволува нејзините скромни потреби ќе си најде ново чиче или конте кое шо ќе и се израдува исто ко првиот..
 Д не ме сфатат погрешно тие шо го читаат ова.Јас не сум женомразач,баш напротив.Ама за оваа категорија женски ич ама ич не ми е жал да ги исхејтам.
 Овие спонзоруши се створени за љубовниот триаголник шо го опишав во претходниот текст. Е од вакви девојки поштените не можат да дојдат на ред.
 Не постои девојче шо не рекла за некоја: - Онаа е спонзоруша,како не и е срам она да го праи.
 Е не и е,јебига,реалноста нажалост е дека они најубаво се снаоѓаат у животов.
 Ама траговите остануваат ...........
 

 ПОЗДРАВ

Thursday, December 15, 2011

ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК

Време е за малку мрчење ....


 Љубовен триаголник или љубовен трокут кажано во шофрски жаргон е појава која се поише зима замав меѓу младите,а богами и кај постарите.
Дефиниции за љубовен триаголник има поише,а најсоодветна е таа дека се работи за состојба во која двајца (сакајќи или не) стануваат тројца,а тоа е више гужва.
Кај младиве тоа е помодарство,а кај постарава фела тоа е познато под името ШВАЛЕРАЈ.
 Има два типа на триаголници.Тој шо е по своја воља,каде шо сакаш да го прошириш љубавното гнездо за уште еден член,или па спроти твоја воља,кога партнерката ти носи у врска член за кој ти нема  да се радуваш коа ке дознаеш.
 Има луѓе кои се предодредени за триаголници,односно по секоја цена сакаат да искварат нечија среќа.
Ако е девојка ќе ја познаеш по реченицата: - Ма ќе и го ќарам на онаа дечкото,па ако треба задњи нека ми е!!!!!!
Ако е машко ќе го чуеш како вика: - Ако  треба на глава ќе идам,ама мора да биде моја и да ја раздвојам од клипанон!!!!!
Како и да гледаш на ситуацијава тоа се тие ситни души кои искрено речено немаат свој сексуален живот.
 Е после почнува притисокот.Пораки на мобилен,јавуење у ниедно време,симињање ѕвезди и обеќавање брда и долини се само почеток на триаголникот.
 Ама за да се деси тоа треба и некој да ти го дозволи.
Е ако го дозволи,значи не генерализирам,зборам за машки и женски ....-почнува пеколот.
Притисок од сите страни.Девојкати ти се жали дека не и обрнуваш внимание,а вторава виолина се повеќе ти го пере мозокот со тоа шо ги користи своите најсилни адути.Почнува период на двојби.
 Девојкати ја носиш на соленки кај мајче у Чаир,а вторава на топло-ладно или на убава вечера во некој од познативе ресторани.
 На девојкати и купуваш штикли од Шутка (а и викаш дека се од Бата) ,а на вторава убава хаљина со гол грб од Марела.
Значи ќе трошиш поише од шо ќе заработуваш,зашо како викаат: швалерката се сака поише од жената!?!?!?
Тука започнуваш да тонеш,иако тоа на лице не ти се познава.
Почнуваат кавги,расправии и слични на нив дејанија,во кој ти со сила праиш некој будала.
Дечкото или девојката(зависи од ситуацијата на трокутот) почнува да сфаќа дека нешо не штима и се знае шо следи .....РАСКИН ВЕЗЕ ....
 Ќе ти се распадне бачко врската ко Југославија,и зашо???????????
Затоа шо на некој му се ебе на страна!!!!
Капак на се,е коа ќе се видиш у галеријата на Каде вечер,у некое диско,добро начукан и експлицитно ја лапаш вторава,горд на своето (не)дело ...
Среќен си се додека оваа вторава не те замени со некој “трет“,како шо ти ја замени својата девојка која ти беше потпора и поддршка за цело време додека сте граделе врска.
Скоро секој се нашол у љубовен триаголник и знае за шо зборам ...
Според мене има само еден љубовен триаголник шо е колку -толку добар.
Да имаш лабава врска,значи врска онака безвезе колку да се рече дека не си сам,и притоа девојкати да ти донесе уште еден член у сета таа несериозност -АМА ЖЕНСКО ...
Тука не моеш да изгубиш,башка ќе се знае у секое време која куќа јаде мрсно ...
Крај краева боље да ме снајде ваков триаголник,отколку Бермудски:))))


ПОЗДРАВ
p.s. ТРИАГОЛНИКОТ Е ЛОШ ....... ОСТАНЕТЕ ДВАЈЦА  ....ЗАШО ТРОЈЦА Е ГУЖВА

Tuesday, December 13, 2011

КРУШЕВО -КО ШО ГО ГЛЕАМ ЈАС ...

Е тоа ти е бачко рај на земјата. Од кај да почнам да зборам за Kрушево, а да не пропуштам нешто важно .Ај од сам почеток, а тоа ти е Скопската автобуска од кај шо си фаќаш комбе. Запамти го последниот здив шо си го земал скопски воздух зашо тоа понатаму многу ќе биде важно. И така тргнуваш, едно 3 саати клацкање у комбе,ама како викаат .... ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА. Стигаш Крушево и сеа шо се дешава? Првиот воздух шо ке го вдишеш не се опишува, тоа треба да се доживее. Ладен грст свеж планински воздух ти проаѓа низ гради а само до пред 3 саати си дишел скопски смог и прашина. Затоа е битно да се запазат овие два момента зашо се случуваат во рок од неколку саати, а многу значат..На  автобуска у Крушево ако си таксал приватен смештај нормално те чекаат домаќините. Срдечно ќе се поздравите и секако ке ти ја понуди својата помош за багажот. Затоа шо Крушевчани се големи домаќини нормално ќе те понудат во својот дом со кафе и локум ,а сигурно нема да одбиеш и една домашна љута ракија која шо уште толку ќе ти ги отвори градите. После малиот одмор и први импресии, следи искачање и шетање.Е сеа, места за шетање има да бираш, моеш да фатиш околу коријата и да гледаш недопрена убавина колку ти душа сака ,едноставно Господ не штедел на ова место. Ако не си дента за околу коријата, моеш да тргнеш до месноста Гумење, па моеш да забегаш накај езерцето, а ако е топло моеш и да се брцнеш у него зашо водата си е чиста и проверена. Ако си со кола можеш комотно да зацепаш накај манастирот Свети Преображение. Е таму е прекрасно, значи преубаво.На дланка ти е се, значи пред тебе цел хоризонт шо не се догледува, а ти стоиш на врвот.Е таа убавина со пари не се плаќа, маѓијата шо ја има тоа место ќе допре до секој. Откако убаво ќе се изнадишеш чист планински воздух, а секако у меѓувреме нема да запалиш цигара и да се заебеш, сфаќаш дека си огладнел и се враќаш назад у град нешо да стаиш у стомак. Е за јадењата можзам до утре да расправам, ама ај ќе ги опишам најкратко. Шо и да одбереш, кое од кое поубаво. Е сеа бирај: сакаш пица која е неверојатно вкусна секаде и газдиве не штедат на матерјал. Ма боља е од Италија, таму уствари е ко лист хартија, а овде има бајаги за јадење. Ја препорачувам Влашката пица, и нека не ве лаже името, баш е богата, уствари најбогата. Ако нејќеш пица можеш да си земеш крушевско грне. Е тоа ти е бачко перверзии, јадеш и се топиш од шо ти е убаво. Ако си ултра гладен има една  пита баш онака масивна и голема, со три типа месо, со печурки, кашкавали, чуда .... Е таа коа ќе ја видиш, прво око ти се храни, па после и влагаш ко да не си видел. Од префинетиве јадења моеш да си земеш и топено сирење, шпагети, тортелини и сето тоа помешано со убави зачини што му даваат шмек. Е сеа ,ако си кафански чоек ќе си идеш у кафана на скара. Скарата е секаде лудило, крушевските кафеанџии се мајстори за скара. Прво моеш една ударна ракија со шопска, а потоа да улета некое свинско ребро или некоја масивна шарска, за на крај да си здрвиш едно ладно пивце и да викнеш сметка. Е сметките, коа сме кај нив се стварно смешни, за сите јадења шо ги спомнав нема да потрошиш поише од 3 евра, а ефектот е коа ќе си го ѕирнеш стомакот .... Цени пристапни баш за секој, услугата топ за разлика од она охриѓанине, морав да ги спомнам сеа зашо појма немаат од однос кон муштерија и туризам. Откако добро ќе се најадеш и си идеш накај смештај, не е лошо да поминеш и да си земеш еден, два или поише локуми со ореви шо ти ги порачале твоите, и ке бидат многу љути ако не им ги однесеш. Крушевскиот локум е бренд, турците шо им е традиција подзинуваат коа ќе го видат и вкусат. Откако добро ќе одмориш вечерта идеш по кафичи. Е таму ти е бачко екстра, љубезни луѓе се запознаваат со тебе, никој не те глеа попреку зашо си од надвор, едноставно питом,добар народ шо цени затоа шо ти си дошол у нивното градче. Цените на пијачките шо да кажам, багатела.е мал збор. За 50 денари имаш коњак, џин и вотка, за исто толку пари пиво, се на се за 300 денара се праиш тиква и убаво ти е бе ..... Добро здрвен си идеш накај дома, ама пошо има угорници така убаво ќе си отрезниш и више осмици не праиш. Си легнуваш зашо си више изморен и кома. Ама се будиш рано посабајле, наспан и не те боли глаа ко у Скопје коа ќе се начукаш. Следи кафица у некој од локалните кафичи и нова рута на шетање и активности. Нешто шо мора да се види тука е Етно градот. Е  тоа ти е атракција и концепт шо не моеш да го видиш на друго место у светот. Да ја доловиш атмосферата како шо била у 1903 г. е право совршенство. Низ градот шетаат комити и турци, чорбаџии и чорбаџики, па ќе ги видиш на некоја маса како седат заптијата и Питу Гули, уживаат у убавата влашка песна и си маваат по некое чоканче ракија. А да гледаш крушевска свадба како шо била на времето е неповторливо. Невестата тенка, висока,во бел свилен фустан, а зетот напрчен, добро скоцкан и сето тоа во придружба на родителите на двајцата кои се наддаваат кој поише ќе ги дарува младиве. Е после тоа следат ора,зурли и тапани, општо весеље каде секој може да се фати за оро и да го долови моментот. Е не моеш секој ден на оро да играш со згодна чорбаџика, да се разбереме... Се на се,концептот на Етно градот е врвот, секоја чест.
Е  вакво како шо го опишав е Крушево у моите очи. Ни за најдобрата моја бивша не сум користел поубави зборови,колку за овој рај. Има маѓија градов шо секогаш те враќа назад,а може и некоја Крушевчанка или Крушевчанец ќе те врати .... никад не се знае.
Шо да кажам друго освен дека сум ОТКАЧЕН ПО КРУШЕВО !!!!!!! ОТКАЧИ СЕ И ТИ ...


ПОЗДРАВ