Tuesday, January 24, 2012

МОБИЛНИ

У денешно време ако немаш мобилен значи нешо мутиш.
 Све живо бачко денес има мобилни,од најмал кепец до тешка геријатрија,сите можат да се пофалат дека имаат мобилен.Ама ај со ред.
На дечиња од прво одделение од дома им купуваат најлуксузни телефони и со нив се чаламат у школо..Кутро дете уште плаче за цицка од мајка му ама битно има нов ајфон шо му го купил татко му зашо научил колку се 2+2:))) Гордо и мафта на наставничката у школо со телефон шо кошта дупло поише од нејзината месечна плата,абе фрустрации у просветава на секој чекор.
 Е добро бе,кој ќе му се јави на копиљот на тој мобилен??Сунѓерот Боб ќе го бара да се чујат??
 Стварно не ми е јасно со копиљациве и мобилниве, ама ако тоа не го оштетува нивниот домашен буџет тогаш мирно ќе спијам:))))
 Се сеќавам коа првпат искочија мобилните кај нас,па тоа беше поим да се има бре,за пари и да не зборам.Едно цело богатство кошташе да си купиш цигла мобилен и да се курчиш пред зграда или у град,па уште ако имаш и футрола .... е тогаш си манга и ќаруеш и риба.
Факт е дека не моеше секој да има мобилен и тоа си го дозволуваа само матните од тоа време да бидеме реални.Еден телефон со антена голема колку безбол палица идеше у продажба  за 1000 тогаш марки,мала ситнца за некои,а за некои само сон.
 Им честитам на нашиот прв мобилен оператор у пригодава за колежот у тоа време,уствари те ограбуваат ама културно без пиштол.Да имаш пејџер више беше да си тапа,имаше нов шериф у градот -НОКИА 33 10 :)))))
 Се сеќавам дека толку многу ми се свиѓаше тој мобилен,шо за разлика од другите тогаш беше ремек дело природе.Јас после дооооооолгооооооооо време од пуста желба си го купив тој телефон,абе мераци,не можев да спијам од шо му се радував.Гордо можам да кажам дека уште си го чувам ,не го користам ама планирам :)) Сеа ќе биде финта да искочиш со некој ретро мобилен поред овие новиве чуда ....башка никад не ме изневерил,не ме оставил без батерија,а мислам дека може да фаќа мрежа и на Алпите:)))))
 И денес ми се чини дека мобилните кај нас се луксуз,ако не даваа мобилни за 0 денари незнам дали бројката ќе беше вака голема.Операторите начекале и сатар маваат.Првиот оператор го собра медот,најквалитетни се,ама и најскупчии.За вториот неам мислење уопште,а за третиот можам да кажам дека имаат најпристапни понуди до сеа,за секого.И не им праам реклама,само реално мислам дека е така.
 Како и да е,потреба е мобилниот. За арно,за лошо тука си е:))
 Две работи не можам само да сфатам.Зашо големците шо се на позиции ги исклучуваат мобилните,кога за да дојдат на самите тие позиции се служеле со истите????
 Втора работа и многу ментална според мене е тоа шо знам за неколку случаеви кај шо покојни ги закопуваат со мобилните.Е ај добро,а кој ќе им звони бе,а шо е уште полошо кој ќе им дигне од другата страна?????? А шо прајме коа ќе снемаат батерија????? А бе нетачен народ има,нека ми простат покојните,за нив се најдобро.
 За телефониве може да се збори до утре,ама сеа мора да прекинам ....ми звони мобилниот:)










Monday, January 16, 2012

БИВШИ ЉУБАВИ

Бивша љубов по дефиниција е доказ за едно време измешано со емоции.Велам измешано затоа што секоја врска започнуе со страсти,а завршуе помалку или поише со кавги,а у одредени случаеви и со тепачки:))
Да бидеме реални и да си признаеме дека никој за својата бивша или својот бивши не збори у суперлативи. Ако толку вределе па нели е нормално да не бидат бивши,туку актуелни.
 Скоро у секоја врска на крајот еден е ебаната странка,односно на еден му е покриво од другиот.
Освен у случаеви кај шо спогодбено ќе се разделат,ама таму сигурно немало ни грам чуства,па незнам ни зашо иделе.
 Бившите може да се поделат на две крила.
 Бивши со кои моеш да си кажеш и здраво на улица и шо праиш како си,и бивши кои си зијан ако ти кажат Добро утро (екстремистичко крило)
 Никој не може да ме убеди дека со бивша или бивш моеш да останеш одличен и многу добар пријател со кој ќе си кажуеш тајни.
 Како може до вчера  со таа шо си се туширал заедно(читај сексови)  сеа да си седнете на кафе и да си праите муабет  ко нишо да не било.Бар според мене таа работа не ја бива.
 Искрено не би сакал да слушам како бившата моја ми кажуе за сегашниот дечко и дека сексот им е почест и од рекламите шо ги даваат за време на турска серија.
А ниту ја па сакам да и кажувам дека моментално неам никоја со тоа шо она тука мудро ќе се истакне и ќе ми каже дека треба почесто да излегувам и да продужам даље:))))
 Значи ја ја поддржувам тезата дека после одредено време моеш да имаш со бивша релации од типот на прашања поврзани со куртоазија.
 Пак ќе напоменам после одреден период зашо после раскинување прашања од типот на : како се твоите дома,како си ти и дали искачаш се нон сенс ...
 Едноставно просто е ...блискоста се изгубила со раскинувањети и добивање статус на бивша или бивши.
 Моеш некад инцидентно да идеш на кафе и да поразговараш за општи теми,а најубаво е да се избегне муабетот за тоа како било додека сте иделе.Пак е се створи непотребна тензија и разглабање уште 3 саати кој бил крив.и зашо така искочило.
.Искочило зашо така требало да биде и КРАЈ ...
 Претерани кафиња со бивши се непотребни,Седиш на кафе со бившата и се расправаш без смисла кој заебал работа,а на другата маса седи девојка шо одамна те симпатизира и у моментот се разочаруе зашо те глеа размуабетен со таа шо те откачила или си ја откачил.
 ЗАКЛУЧОК:ДУПЛА ЗАГУБА
 Екстремистичкото крило на бивши љубави е присталица на тезата дека сите бивши се непријатели обично таа врска завршила со кавги,претњи,закани од прв степани други слични на нив дејанија.
 Значи далеку од тоа дека сите бивши се непријатели,ама па и далеку од тоа дека треба да ти бидат блиски пријатели.
 Никого не судам и осудувам,секоја ситуација е различна.Секое раскинување си има своја прича и две страни како шо реков: задоволна и незадоволна.
 Кој би сакал на пример да ја сретне бившата на улица која шо те изварала со тројца додека сте иделе?? Тоа не значи дека уште се замарам со неа,туку дека таков чоек не сакам едноставно ни здраво да ми каже.И ај сеа ја метаании ќе и праам и ќе ја отпоздравувам и испоштувам,а уште мириса на невера ....
 Море нека е жива и здрава и нека се носи у три лепе пичке материне:)
 Тезата со бунарот дека треба нов да копаш а у стариот да не плукаш како поминуе време сфаќам дека е тапа.
 Реков и пак ќе речам:нека се живи и здрави бившите ама нека останат у минатото кај шо припаѓаат.Сите сме нечие минато.
 Треба глеање и идење напред.
 Сепак иднината е таа шо ќе ти го донесе вечниот сопатник.


 ПОЗДРАВ

Monday, January 9, 2012

ЉУБОМОРШТИНИ

Ако нешто го разорува ткивото на една врска или брак - тогаш тоа е љубомората.
 Реално кажано,сите си патиме од неа,некој помалце,некој поише.
 Како се шо класифицирам така и љубоморава ќе ја поделам.Се појавуе у поише облици у една врска.Значи у една врска може:
 1.Ич да ја нема
 2.Умерено да ја има
 3.Болно да ја има(дијагноза:болно љубоморни)
 У врска кај шо ич ја нема (ни од машка ни од женска страна) секој си има своја политика.На никој за никого не му е гајле и го боли цефка,и тука поштонема никакви чуства,таа врска е временски ограничена (највише опстојуе ради сексовите у неа)
 Вторава група или умерени љубоморни е прилично застапена.Тоа ти е коа љубомората има свои граници,а за цело тоа време провејува таа еротска нишка.Таа иста нишка која на партнерката и докажува дека не ти е сеедно.
 Да бидеме реални и да си признаеме  дека на никој од нас нема да ни се свиѓа ако партнерот или партнерката ни каже дека ќе иде на кафе со бившиот.Или па и се јавуе нон стоп да и кажуе колку и фали и колку згрешил додека  иделе.
 Ти сепак и веруеш на девојкати дека она нема да подпадне на тие финти,ама сепак нешо те копка,те јаде црвот,љубоморен си и и кажуваш дека не ти е сеедно ради таа ситуација.И даваш до знаење дека ти значи,а она у таа љубомора препознава нешо шо го немала у предходната врска..
 Тука може да следи само зближување меѓу двајцата и тоа е таа еротска нишка шо ја спомнав погоре.
 Да си умерено љубоморен во граници е човечки и нормално,па не сме коњи ....луѓе сме.
 Башка и некако секси ми е коа знам дека на девојка ми не и се свиѓа тоа шо бившата ми пишуе пораки у ниедно време.А тие пораки сум и ги пријавил јас без да ми чепка по мобилниоти да копа по повици и инбокс.
Нема криење,све е транспарентно ....само така се стига до разбирање и доверба.
 Третиот тип или болно љубоморни се најлошо нешо шо може чоек да го снајде.
 Е тие се опседнати,само на тоа мислат: -Па дали ме вара? Па кај е сеа,викаше дека е со другарки а кузнае кај е .... и слични прашања кои шо те запоседнуваат.
 Болната љубомора е стварно болест.
 Прати го примеров: И се јавуе дечково на девојкава и ја прашуе кај е ( а саатот 4 сабајле)
 Она му вика дека е дома и спие.И тука почнуе кавга.И вика : - Лажеш, не си дома,кузнае кај си и со кој си!!!!
 Кулминација е коа  ќе и рече: - Ај пушти вода у веце за да знам дека си дома:))))
 АЛООООО бре будало космичка,толкаво ниско ниво на ретардација не сум видел.Пушти вода од веце за да знам дека не лажеш!!!!!!
 Па ако сака да те лаже и од кај швалерот  може да пушти вода,ваљда не те мафта со некој шо има полско веце:))))
 Или па ако ти се погоди некоја ултра љубоморна девојка шо ќе ти вика дека не смеат да ти се јавуваат другарки,уствари дека они не ти се прави другарки,туку сакаат нешо со тебе....
 ЕЈЈЈЈ бре девојче,тие ми се другарки со кои шо сум израснал и постојат уште многу пред да се појавиш ти.
 Највише го јадат тие шо се болно љубоморни,а имаат убави девојки. Е според нив никој не смее да ја погледне девојката,никој не смее да и се приближи,а ако сака да се запознае тука може да следи и маање.
 А  на шо ќе личи ако се тепаш со секој втор шо мисли дека девојкати е убава и ја загледал?????
 Ќутек еден куп ќе јаде,наместо да се гордее шо таа лепотица се шета со него.Па нека ја гледаат,очи за глеање се ....едно е да ја глеаш,друго е да ја имаш ...
 Да резимирам на крајов.
 Првиот тип на љубомора искрено е за никаде.
 Вториот тип на љубомора употребувајте го,посебно во таа еротска нишка шо спојува.
 Третиот избегавајте го,дијагнозата е тешка клиничка слика,а времето и лекарствата се скупи:)))




   POЗДРАВ

Wednesday, January 4, 2012

ПРЕКУ ТАКВО ОД ПОЛИТИКА

Стварно не ми е јасно како една земја у 21 век,која претендира за у Европа да е толку затруена од политика.
 Кога почнав да пишувам на блогов си ветив дека нема да мешам политики,ама не издржав ...слаб  ми е стомакот на овие случувања.
 Пушташ телевизија и се знае:политика,политика и само политика.Значи не отруја,секоја телевизија разглаба политички теми.Све стручњаци у своја област.
 Ебати земјата во која најгледан е собранискиот канал.А таму шо да видиш.У циркуз Медрано не е толку смешно колку шо е у наш парламент.Глеаш 120 кузнае како избрани од народот,како си урлаат едни на други,абе од седење у тоа фотељите хемороиди им фатија тоа дебелите гзови ...
 И такви народни избраници,полуписмени шо пцујат како кочијаши ти носат закони и мука немаат.
 Значи не зборам за овие шо се сеа на власт,туку  за сите шо овие 20 години го пердашат народов наш.
 Преставени како светци,а на пола од нив да им земеш парафинска рукавица ќе видиш дека вчера пукале ...абе каубојци не им се рамни.
 Пушташ вести и не ти се веруе шо слушаш.Си мислиш дека живееш у некоја скандинавска земја ако ги слушаш платениве презентери.
 А на терен ситуацијата поише од катастрофална.
 Еден куп млади невработени,неискористена снага на земјава.Сиров матерјал кој си ја чека својата шанса за вработување.
 А коа ќе дојдат избори е измачување.Идеш да гласш и се осеќаш ко на Криволак,поише има специјалци од гласачи.Шведски избори?????????  Жими швеѓанецов:)))))
 Ама ај они очи нека си вадат,ама нека не го разединуваат овој народ.Створија таква мржња меѓу народот да не сакаат да се видат едни со други.
 Позицијата си се дружи со позицијата,опозицијата со опозицијата,раздор на секој чекор.
 У малите места родителите на девојчето еве ќе ја зеам за пример,не ја пуштаат да иде со дечкото затоа шо е од друга партија?!?!
 Ало бре испрани мозоци,како може у тие свети работи да се меша политика!!!!!
 Зашо не се од иста партија и не може да се земат или дружат???
 Демек партијата им е идеологија ....абе која црна идеологија,тоа го измислиле у некој стар систем за да лажат луѓе и перат мозоци.
 Апел до сите родители:да ги пуштаат своите деца без разлика машки или женски,да си идат или зимаат со кој сакаат,да не прават двојби,омрази и кавги.Напатен е овој наш народ,не ни требаат веќе поделби.
Оваа младина сака да гледа напред,сака да напредува,да иде у Европа,да шета,да заработува ...
 Не им ставајте розови очила,затоа што сепак реалната состојба моментално е црна.
 Мој предлог:сите шо ја воделе државата у колапс и пљачкале минативе 20 години да ги почастиме од нас граѓаните едно 10 дена одмор платен у Фукушима,кај реакторите.
 Д видат како е да си затруен,да осетат на своја кожа како е да си контаминиран ....
 И затоа викам:ПРЕКУ ТАКВО ОД ПОЛИТИКА,АЈДЕ БЕЗ ПОДЕЛБИ ДА ИДЕМЕ СИТЕ НАПРЕД.
 Затоа шо политиката е курва,а со таквите се знае како треба ....

 p.s.Помалце политика,поише љубовна аналитика:))

 ПОЗДРАВ