Tuesday, February 21, 2012

СВАДБА

Свадба е чин во кој шо двајца своеволно ја окончуваат својата љубов, а уште 100 души се праат летва на нивна сметка од истата причина.
Матичното и Ц рквата ќе ги изоставам у текстов, а ќе му дадам посебно внимание на сето она шо се дешава у ресторанот и дешавките таму (а ги има многу)
 На сам старт се почнуе со сликање. Можеби најтапа делот од цела свадба е тој.
 Зетот и невестата имаат фиксна фаца за сликање некој саат време, а невестата е посебно нервозна затоа шо секој на влезот сака да ја гушне и баци на нејзиното напудрено лице, или шо би се рекло толку од шминката која и не ја плати баш ефтино.
  На влезот најсреќно е деверчето кое со гордост ги прима пликоата од ценетите гости.
 Свадбата може да започне. Музичарите ко програмирани ги повикуваат коловоџите.
 Песна за зетот, па за невестата, па за кумот, па за старосватицата, па за дедото и свекрвата .... почнува да се загрева атмосферата,ќе биде весело.
 Додека ги дрмаш првите две три ударни ракии на маса, мудро гледаш на оро која од сваќите ќе ти фати око за веќе у следното да се фатиш до неа и у ист ритам идеш три напред - две назад:)
 Коа е почнат побрзите ора увек се истакнуваат по два тројца играорци кој како да се претплатени за свадба, просто трчаат низ цела сала и за 10 минути се праат утоп.
 Скоро на секоја свадба има по една пијана будала шо замара гости и на камерманот му кажуе шо да снима. Е таков пијан сват обично игра ко нинџа, праи неартикулисани потези и салта низ цел ресторан. Смешни се за глеање, ама па не е у реду да ти го заебат денот шо си го чекал долгооо време. Истиот тој или па можеби некој друг може да го земе микрофонот и да ги држи заложници сите на свадбата. Пее ко од бунар, а он мисли дека е Павароти.
 И одеднаш музичарите повикуваат пауза во која ќе се дели свечената вечера.
 Кутри зет и невеста немаат време ни да јадат зашо треба од маса на маса да наздрават со сите гости и да им посакаат убава вечера:)))
 После вечера следат познати рефрени од кои треба да ти се симне јадењето.
 Искрено поштувам свадби во кој шо вториот дел ќе биде рок журче и сите убаво да се изнарипаат, отколку турбо фолк рефрени и да се осеќаш ко на новогодишната ноќ на Пинк телевизија.
 Следи фрлање на бидермаер. Е тука е најголемиот сеир. Некој 20 жени од сите профили.
 Две или три увек се двојат. Едната е висока 1.80 и плус штикли од 10 сантима и плус раце ко шпагети, и таа истата застанала најнапред и гордо чека. До нејзе некоја разведена , ама утепана пак да се омажи мислејќи дека бидермаерот е фактор за тоа:)  А  до нив уште една цуца дојдена со дечкото на свадба,умрена од желба она да го фати со шо би го натерала дечко и да го убрза процесот на запросување:))))
 Следи после сечење на торта и редици за парче. Знам за една дешавка од свадба баш за тој моменат.. Свекрвата цела ноќ ја тероризирала снајката, а врв се десил коа на сечењето торта цело време ја буцкала и штипкала за половина велејќи и да сече потенки парчиња.
 На младата невеста и дошло се преку глава и пукање тортата у фаца на свекрва и.
 Видел зетот и наљутен ради потегот на идната му жена гордо и дал нокаут на истата.
 Ко виделе сватовите шо се дешава, рипнале на зетот и него го стаиле у нокаут и почнало општа туча, групно мавање од двата табори. Свадбата нормално се прекинала зашо немало уште на старт знаци за заеднички живот:)))
 Или па дешавка на свадба кај шо дедото го начекува неговиот иден зет како мед у WC  како се стиска со друго машко. Разочаран ја откажува свадбата на микрофон. Абе бруки и смешки ....
 Кај нас има многу парадокси околу свадбата. Ко некое непишано правило е дека посиромашните праат големи свадби со многу луѓе, а побогатите интимни свадби во кој шо не се расфрлаат многу кеш. Не  можам да ги сфатам тие шо зимаат кредит за да праат свадба, тоа ми е необјасниво едноставно. Ај  да земеш кредит за кола да купиш, за кујна да купиш ..... ама за свадба бе??????  Свадба на која некој на крај сигурно ќе ти најде замерка од типот дека се било убаво освен оризот у вечерата дека бил жив:))))))
 Три работи не ми се јасни за свадбите кај нас.
 Зашо на циганските свадби има поише евра него на сите можни свадби,а следниот ден немаат леб да јадат. Пејачот шо им пее испод 5000 евра не е,и не му се глеа лицето од банкноти и валути:)))
 Зашо при крај на свадба сите припаднички на понежниот пол ги вадат кондурите и штиклите и играат боси?? Па тоа уопште не е убаво,како прво од хигиенски причини,а како второ шо има да и ги глеам ја табаните на некоја пијана кокошка?????
 Трета и нај језива ствар е да видиш како куп пијаници пијат алкохол од кондура.
 Како може да пијат од чевла шо некој цел ден ја носел, играл у неа и ја потел ...за на крај да послужи како средство за пиење. Трепки паѓаат од шо му мириса чевелот, а они гордо се налеваат и се смеат ко ретардирани. Абе ум со инка не се сипа ...јебига:))
 На крајот да резимирам и да кажам дека свадба е супер дешавка која останува врежана во срцата на младите на овој или оној начин.
 После завршување на истата одат заслужено на прва брачна ноќ да праат деца.
Се заебаам бе,какви деца праење ...таа вечер се знае шо се праи ....СЕ БРОЈАТ ПАРИ :)))))


 ПОЗДРАВ



Friday, February 10, 2012

ВЛАСИТЕ И СТЕРЕОТИПИТЕ

Стереотипите како и у секое друго општество така се застапени и кај нас.Повеќето од нив кај нас си го наоѓаат местото у вицовите,како на пример за плавуши,џандари и она шо ме интересира мене највише -Власи.
 Парадокс до парадокс.Плавушкиве сите ги исмејуваат,а сите трчаат по нив ....џандариве ги праат глупи,а секој глеа да има пријател цајкан за да му скине казна коа ќе го репнат за неносење појас и зборење на мобилен у кола:)))) Инаку неам нишо против вицовите,има и смешни и сатирични:)))
 За Власите предрасуда е дека се скржави,стегнати,дека само меѓу себе си се дружат и дека од Влав боље ти е да не бараш ништо зашо ништо нема ни да добиеш.Дури има некои шо мислат дека Власите се со посебна религија и дека имаат чудни закони на живеење и правилници.Овие последниве шо ги кажав живеат дефинитивно у информативен мрак,и тешко дека моеш и да им докажеш спротивното.
 За тие шо мислат дека Власите се скржави и себични одма ке им одговорам ....не се скржави туку само знаат да си ги ценат спечалените пари.Домаќинско водење на една фамилија не е мана,туку е доблест.
 И нормално е да најдеш и некој скржав Влав,ама тоа е до личноста,а не до народноста.Такви ке најдеш од сите нации и народности.Познавам еден куп луѓе шо се апла скржајци,ама битно им се смеат на власите у вицовите и ги омаловажуваат ...
 Ги споредуваат Власите со Евреите.Е ако де,тоа е комплимент.Евреите се интелектуално и матерјално најмоќни у светов,дрмааат све живо секаде.Успешни се затоа шо знаат да заработат,знаат да го зачуваат тоа,имаат мозок потоа и да го зголемат.
 Ама пуста човечка љубомора,луѓево кај нас живи се јадат зашто Власите се успешни бизнисмени,стопанственици и на клучни позиции.
Одма ќе им кажам.Успешни се само затоа шо домаќински си ги водат своите фирми,прераснуваат у гиганти затоа шти никад не забораваат дека некогаш почнале од нула.
 Трн у око на многу луѓе им е влашкото лоби.Абе ќе си каснат од гзот многу луѓе кај нас затоа шо не се како нив,а не за друго.Лошите јазици ќе речат дека се врзани ко црева и дека се штитат меѓу себе.Вистина е,се дружат меѓу себе,ама се дружат и со други.И зашо да се караат коа можат да бидат сложни.Мене не ми е јасно зашо некој би завидувал на тоа?????
 Стопанственици,лекари,угостители,министри банкари ....секој докажан во својата област и затоа се на врвот у општеството. И сеа на такви луѓе  ќе им се смееш по вицови???????
 Крај краева,ствараат и имаат,се чуваат и не се караат ...па мајко му стара,ако е лоби значи е нешто многу моќно,придонесува за земјава и е интегративна алка без која не може.
 Најголема глупост е тоа дека Власите не се мешале у бракови со други националности.Демек само Влав со Влаинка: ...па одма да ги просветлам и да им кажам дека очите на Влавот не се програмирани да гледаат само Влаинки,тоа може било у некое дамнешно време,ама сеа сме 21 век,погледите шараат:)))))
 Не ми се јасни само една категорија на луѓе кај нас кои се асли Власи,а се срамат да се попишат како такви.Незнам од која причина е тоа,ама ќе им порачам дека да се родиш како Влав е привилегија,а не срам ... а познавањето на јазикот Влашки е придобивка,а не загуба.

 Бидејќи мислам дека до некаде го разбив митот за Власите,на крајот не ми преостанува ништо друго освен да ве поздравам со една прекрасна влашка песна од уште попрекрасното Крушево.









Wednesday, February 1, 2012

РАКОМЕТНО ЛУДИЛО

Европсково првенство у Србија заврши и мислам дека би било грев да не им посветам еден текст на нашите херои.
 Прваци станаа Данска,истите оние Данци кои ние си ги игравме едно полувреме како мали деца,им праевме цепелини и незнаеа кај да се свртат и кого попрво да чуваат.Како и да е,у оваа прилика нема да им честитам затоа шо со нас се провлекоа,а Швеѓаните (читај педерите) им ја дадоа и поклонија утакмицата која ги носеше понатаму ....
 Македонската бајка тргна предобро ....бод против големата Шведска која ни се извлече у задња секунда,имавме напад за победа,ама ете не го искористивме и поделивме бодови.
 Следеше моќната некогаш Германија. И пак инфаркт утакмица,ги имавме цела утакмица и на крај несреќно изгубивме.Кутри шваби се радуваа ко мали деца,некогаш моќна велесила,а сеа се утепаа од радост затоа шо ги добија МАКЕДОНЦИТЕ.
 Но,идеме понатаму ....мораше некој да си го однесе за сите малери до тогаш.Јебига,се погодија Чесите.Им покажавме како се игра модерен ракомет,можда го имаа најдобриот ракометар на свет според ЕХФ Филип Јиха,ама ние го имавме вистинскиот ФИЛИП ...ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ....
 С е е полесно коа на голот го имаш министерот нов за одбрана господин господин БОРКО РИСТОВСКИ и у напад најдобриот лев бек КИРЕ ЛАЗАРОВ.
 Ги утепавме Чесите,заслужено идеме понатака.
 Ни иде Данска на ред ....си ги мачкаме цело едно полувреме и незнаат гзот кај им е,ама веќе во второто се јавуе нашата најголема болка,опуштање и пак крај у режија на Хичкок.
 Све се деси за неколку секунди,промашивме у напад, и у пеколна контра не казни тој мочкото нејќам ни името да му го кажам. Цела утакмица да си бољи и на крај да искочиш со наведната глава,тоа боли,тоа многу боли ....големата Данска се измачи ко да била на пораѓај.
 Следува Полска која си ја таманиме без никаков проблем,нападот убитачен,а на голот ролетните ги спуштил Борко.Полска на колена,радост и еуфорија ја зафати земјава.
 У последно коло ни одговараа само математики,кои почнаа да се остваруваат,ама увек се наоѓа некоја буљашка земја како Шведска која ке им поклони победа на нивните травеститски браќа,сегашните шампиони ...ебати шампионите.
 Ние изигравме ревијален меч со Србија во кој победивме пирово ....сеа треба да играме со Словенката за петто место,а требаше без сомнение полуфиналето да биде наше ....
 Словенците ни дадоа малку отпор,ама на крај ја отворивме и неа.Пак инфаркт утакмица во која последниот збор го има БОРКО РИСТОВСКИ ....сепак министер си е министер:))))
 Ние сме петто место и ќе играме квалификации за на Олимпијада,огромен успех за МАКЕДОНИЈА.
 Ги опишав горе долу утакмиците,па сеа на ред се играчите.Прв како и секогаш -КИРИЛ ЛАЗАРОВ.Формата е променлива,класата е вечна.Човекот исфрла торпеда од рацене,проигрува коа од шала а пеналите му се мачкина кашлица.Типот дава 61 гол на цело првенство и става нов рекорд шо тешко некој дека ќе го бутне понатака (се разбира освен самиот тој)
 Најдобриот стрелец на Европските и Светските првенства е МАКЕДОНЕЦ.Цел свет му се поклонува на КИРЦА,светско богатство,а македонско производство.
 НАУМЧЕ МОЈСОСКИ -дечково е прејак,физички надмоќен,прав тенк и борец на теренот.
 Голови дава од секоја позиција,вистинска енигма за противничка одбрана.
 ФИЛИП МИРКУЛОСКИ -е чоеков изгина на терен,прав воин.Даде клучни голови на неколку утакмици и не предводеше до победа.Секоја чест за ПРАВИОТ ФИЛИП.
 СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ-новиот миленик на македонската публика.Добивме пикер од светска класа за многу години понатака.Младичов го изигра Европсково на највисоко можно ниви,непогрешлив беше.Процент на реализација многу висок,секогашна право место у право време ..БРАВО МАЈСТОРЕ.
 СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ-синоним за македонски непокор и издржливост.Сите треба да учат од него како на тие години се бранат националните бои.Тој е една од најбитните алки у репрезентација дефинитивно.
 БОРКО РИСТОВСКИ -бедем на голот,голманиште од светска класа,прав ЅВЕР.Им наби нервоза на пола европски ракометари со тие чуда шо ги праеше на голот,прави мајстории за у ракометни учебници.Убаво вика ЛАЗАРОВ дека лесно е да се игра кога на голот го имате министерот БОРКО.Капата долу за тебе царе,израдува многу македонски срца.
 ДИВИ,ТЕМЕЛКОВ,МИТКОВ,ДИМОВСКИ,МАНАСКОВ,ФИЛИП ЛАЗАРОВ,ЗЛАТКО МОЈСОСКИ,ВЕЛКО МАРКОСКИ ....сите заслужуваат подеднакво исти честитки како и предходните.ПРАВИ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ СО КОИ ЗЕМЈАВА СЕ ГОРДЕЕ.
 Ништо немаше да биде толку успешно ако ја немаа момциве подршката од трибините. Е за тоа сме ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ.Никој нема публика ко нашата,така се бодри репрезентација,така се навива и сака својата земја.Да не бевме ние на Србиве ќе им беше пусто и штуро цело првенство ....БРАВО ЗА НАЈДОБРАТА ПУБЛИКА У ЕВРОПА.
 Се на се,нашта земја е желна за победи,за успеси ...па нели НАЈГОЛЕМА УСПЕШНОСТ Е КОГА ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ УСПЕХ:))))))
 Се занесов со текстов,ама нашиве ракометари вредат и поише,еден ден сигурно ќе не израдуваат со медал.Уште еднаш се докажа дека спортот е наш најдобар амбасадор,сега сите знаат која е МАКЕДОНИЈА ....
МАКЕДОНСКАТА БАЈКА ПРОДОЛЖУВА ...

 ПОЗДРАВ