Wednesday, February 1, 2012

РАКОМЕТНО ЛУДИЛО

Европсково првенство у Србија заврши и мислам дека би било грев да не им посветам еден текст на нашите херои.
 Прваци станаа Данска,истите оние Данци кои ние си ги игравме едно полувреме како мали деца,им праевме цепелини и незнаеа кај да се свртат и кого попрво да чуваат.Како и да е,у оваа прилика нема да им честитам затоа шо со нас се провлекоа,а Швеѓаните (читај педерите) им ја дадоа и поклонија утакмицата која ги носеше понатаму ....
 Македонската бајка тргна предобро ....бод против големата Шведска која ни се извлече у задња секунда,имавме напад за победа,ама ете не го искористивме и поделивме бодови.
 Следеше моќната некогаш Германија. И пак инфаркт утакмица,ги имавме цела утакмица и на крај несреќно изгубивме.Кутри шваби се радуваа ко мали деца,некогаш моќна велесила,а сеа се утепаа од радост затоа шо ги добија МАКЕДОНЦИТЕ.
 Но,идеме понатаму ....мораше некој да си го однесе за сите малери до тогаш.Јебига,се погодија Чесите.Им покажавме како се игра модерен ракомет,можда го имаа најдобриот ракометар на свет според ЕХФ Филип Јиха,ама ние го имавме вистинскиот ФИЛИП ...ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ....
 С е е полесно коа на голот го имаш министерот нов за одбрана господин господин БОРКО РИСТОВСКИ и у напад најдобриот лев бек КИРЕ ЛАЗАРОВ.
 Ги утепавме Чесите,заслужено идеме понатака.
 Ни иде Данска на ред ....си ги мачкаме цело едно полувреме и незнаат гзот кај им е,ама веќе во второто се јавуе нашата најголема болка,опуштање и пак крај у режија на Хичкок.
 Све се деси за неколку секунди,промашивме у напад, и у пеколна контра не казни тој мочкото нејќам ни името да му го кажам. Цела утакмица да си бољи и на крај да искочиш со наведната глава,тоа боли,тоа многу боли ....големата Данска се измачи ко да била на пораѓај.
 Следува Полска која си ја таманиме без никаков проблем,нападот убитачен,а на голот ролетните ги спуштил Борко.Полска на колена,радост и еуфорија ја зафати земјава.
 У последно коло ни одговараа само математики,кои почнаа да се остваруваат,ама увек се наоѓа некоја буљашка земја како Шведска која ке им поклони победа на нивните травеститски браќа,сегашните шампиони ...ебати шампионите.
 Ние изигравме ревијален меч со Србија во кој победивме пирово ....сеа треба да играме со Словенката за петто место,а требаше без сомнение полуфиналето да биде наше ....
 Словенците ни дадоа малку отпор,ама на крај ја отворивме и неа.Пак инфаркт утакмица во која последниот збор го има БОРКО РИСТОВСКИ ....сепак министер си е министер:))))
 Ние сме петто место и ќе играме квалификации за на Олимпијада,огромен успех за МАКЕДОНИЈА.
 Ги опишав горе долу утакмиците,па сеа на ред се играчите.Прв како и секогаш -КИРИЛ ЛАЗАРОВ.Формата е променлива,класата е вечна.Човекот исфрла торпеда од рацене,проигрува коа од шала а пеналите му се мачкина кашлица.Типот дава 61 гол на цело првенство и става нов рекорд шо тешко некој дека ќе го бутне понатака (се разбира освен самиот тој)
 Најдобриот стрелец на Европските и Светските првенства е МАКЕДОНЕЦ.Цел свет му се поклонува на КИРЦА,светско богатство,а македонско производство.
 НАУМЧЕ МОЈСОСКИ -дечково е прејак,физички надмоќен,прав тенк и борец на теренот.
 Голови дава од секоја позиција,вистинска енигма за противничка одбрана.
 ФИЛИП МИРКУЛОСКИ -е чоеков изгина на терен,прав воин.Даде клучни голови на неколку утакмици и не предводеше до победа.Секоја чест за ПРАВИОТ ФИЛИП.
 СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ-новиот миленик на македонската публика.Добивме пикер од светска класа за многу години понатака.Младичов го изигра Европсково на највисоко можно ниви,непогрешлив беше.Процент на реализација многу висок,секогашна право место у право време ..БРАВО МАЈСТОРЕ.
 СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ-синоним за македонски непокор и издржливост.Сите треба да учат од него како на тие години се бранат националните бои.Тој е една од најбитните алки у репрезентација дефинитивно.
 БОРКО РИСТОВСКИ -бедем на голот,голманиште од светска класа,прав ЅВЕР.Им наби нервоза на пола европски ракометари со тие чуда шо ги праеше на голот,прави мајстории за у ракометни учебници.Убаво вика ЛАЗАРОВ дека лесно е да се игра кога на голот го имате министерот БОРКО.Капата долу за тебе царе,израдува многу македонски срца.
 ДИВИ,ТЕМЕЛКОВ,МИТКОВ,ДИМОВСКИ,МАНАСКОВ,ФИЛИП ЛАЗАРОВ,ЗЛАТКО МОЈСОСКИ,ВЕЛКО МАРКОСКИ ....сите заслужуваат подеднакво исти честитки како и предходните.ПРАВИ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ СО КОИ ЗЕМЈАВА СЕ ГОРДЕЕ.
 Ништо немаше да биде толку успешно ако ја немаа момциве подршката од трибините. Е за тоа сме ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ.Никој нема публика ко нашата,така се бодри репрезентација,така се навива и сака својата земја.Да не бевме ние на Србиве ќе им беше пусто и штуро цело првенство ....БРАВО ЗА НАЈДОБРАТА ПУБЛИКА У ЕВРОПА.
 Се на се,нашта земја е желна за победи,за успеси ...па нели НАЈГОЛЕМА УСПЕШНОСТ Е КОГА ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ УСПЕХ:))))))
 Се занесов со текстов,ама нашиве ракометари вредат и поише,еден ден сигурно ќе не израдуваат со медал.Уште еднаш се докажа дека спортот е наш најдобар амбасадор,сега сите знаат која е МАКЕДОНИЈА ....
МАКЕДОНСКАТА БАЈКА ПРОДОЛЖУВА ...

 ПОЗДРАВ





3 comments:


  1. Заемот нуди 2% камата

    Ако ви треба финансиска помош, не двоумете се да не контактирате. Можете да добиете заем во опсег од 2.000 € до 1.000.000 € на многу поволни услови во целокупната законитост и сигурност. За да дознаете повеќе за финансиските аранжмани, ве молиме контактирајте не преку е-пошта. E-mail: marcuford@gmail.com

    ReplyDelete