Tuesday, October 16, 2012

ПОЧИТ ЗА НАЈДОБРИОТ

5 години непребол.
5 години болка, тага и неверување.
5 години без НАЈДОБРИОТ !
За секој што ќе си замине може да ти биде жал., но само за малкумина може да те боли душата.
За Тоше овој народ почуствува душевна болка,  болка за некој близок, болка за некој со кој што се идентификуваш, огледуваш и гордееш.
Пораката што ни ја остави е безвременска.
Мисијата негова ја темелеше на три столба, три основни начела на едно битисување.
ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ ...
А кој сме ние без верата? Никој и ништо!
Со верба во Бога човекот имаше љубов за сите. Не може да лаже човек кога над 100 пати ќе каже: ВЕ САКАМ СИТЕ ..
Имаше љубов и прегратка за оние кои на улица сите ги избегнуваат,а знаат дека им треба помош и разбирање.Замислете како чука срцето на едно дете без родители или детенце со посебни потреби кога ќе осети за миг дека е најсакано дете на светот.Тоа со пари не се купува,а тоа Тоше го имаше.
Не потсети на основните вредности кои се подзаборавени,а се однесуваат на семејството.
Да се почитуваат и ценат родителите, луѓето што живот ни дале.
Дали има некој престава колку нови љубови се родени на основа на тие рефрени и уште колку нови ќе се раѓаат понатаму?
А има ли нешто поважно од љубовта??
Да се роди љубов меѓу двајца млади,а да е темелено на нешто толку чисто и искрено, на една  позитивна енергија дадена од се срце.
Незнам, може затоа што мене ми се има случено една голема љубов па така размислувам ....
Пораката е пратена.
Никогаш нема да го заборавиме човекот што имаше срце за сите.
Затоа што пред и се беше ЧОВЕК. ГОЛЕМ ЧОВЕК.
Сигурен сум дека сега не гледа од најубавата рајска градина и ни ја праќа истата енергија за да го продолжиме неговиот пат. И така ќе биде, затоа што сите ние дишеме заедно со него!
И на крајот: - Зар некој може да те замени??

.... фалиш човеку, премногу фалиш .... ВЕЧНА ТИ СЛАВА

No comments:

Post a Comment